Фудбалерот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, во едно од неговите најискрени интервјуа откри какво влијание има Кристијано Роналдо врз неговата кариера и живот. „Роналдо отсекогаш ми бил пример и инспирација. Имам среќа што можам да зборувам со него, тој ми дава совети и ми помага да бидам подобар фудбалер“, изјави Мбапе.
Тој додаде дека Роналдо е не само легенда на Реал Мадрид, туку и пример кој ги мотивира милиони луѓе ширум светот. „Луѓето сè уште зборуваат за него, сонуваат за него, а јас сум горд што можам да го наречам свој советник“, заклучи младата ѕвезда.
Оваа сезона, Мбапе блеска на теренот, со 15 постигнати гола и две асистенции во 13 натпревари, што ја потврдува неговата голема вредност во тимот.