ПРВ.мк
Македонија

Двајца инспектори откриени како уништувале - еве ги деталите

Двајца инспектори откриени како уништувале - еве ги деталите

Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против двајца инспектори од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје за „попречување на правдата“.

Првиот инспектор, Џ.Н., кој бил задолжен за постапување по предмет со две лица лишени од слобода за наркотични дроги, овозможил вториот инспектор, О.С., чииот син бил еден од уапсените, целосно да располага со службената документација, да придружува и да дава насоки при разговорите со лицата лишени од слобода.

И двајцата инспектори, иако вториот не бил службено ангажиран, имале пристап до мобилен телефон од едно од уапсените лица, кој бил одземен како доказ. Тие избришале и уништиле податоци важни за истрагата, со што го попречиле процесот на правдата.

Одделот за внатрешна контрола и криминалистички истраги најави дека ќе покрене дисциплинска постапка против Џ.Н. и О.С., вклучително и отстранување од работното место.

Escape