Американскиот претседател Доналд Трамп приреди вистинско шоу во израелскиот парламент – Кнесетот. За време на своето обраќање, тој најави дека САД оваа година ќе купат 28 нови и „малку подобрени“ стратешки бомбардери Б-2 Спирит, предизвикувајќи воодушевување кај израелските парламентарци.
„Тие се прекрасни авиони, но не знаев дека се способни да го прават она што го прават. Само што нарачавме 28 од нив, само малку подобрена верзија“, рече Трамп со својот препознатлив стил, по што салата одекна од аплаузи.
Тој потсети дека американските воздухопловни сили во моментов располагаат со 19 бомбардери Б-2, од кои седум биле користени при нападите врз иранските нуклеарни постројки. Покрај новите Б-2, Трамп најави и нарачка на речиси стотина други авиони, со што САД дополнително ќе ја засилат својата воена моќ.
Израелските пратеници, очигледно воодушевени од американската поддршка, го поздравија Трамп со стоечки овации.
Оваа најава доаѓа во момент кога американско-израелската воена соработка е на историски највисоко ниво, а целиот состав на израелските воздухопловни сили се базира на авиони произведени во САД.