ПРВ.мк
Свет

Трамп тврди дека спречил Трета светска војна

Трамп тврди дека спречил Трета светска војна

Во историски настан во египетскиот град Шарм ел Шеик, денес беше потпишан мировен договор за Појасот Газа, со кој според американскиот претседател Доналд Трамп, „конфликтот конечно е завршен“.

Трамп, кој лично присуствуваше на церемонијата, изјави дека ова е „неверојатен ден за целиот свет“, нагласувајќи дека договорот ќе стави крај на насилството што трае веќе 3.000 години.

„Ова е огромен чекор напред. Верувајте ми, со овој договор спречивме Трета светска војна“, изјави Трамп, додавајќи дека соработката меѓу САД, Египет, Турција и Израел го направила можно чудото на мирот.

По него, документот го потпишаа египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси и турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган, додека израелската и палестинската страна, според извори, се согласиле на постепено разоружување и меѓусебни гаранции за безбедност.

Трамп се заблагодари и на италијанската премиерка Џорџија Мелони, опишувајќи ја како „силен владетел кој одлично ја врши својата работа“.

Со овој договор, Блискиот Исток би можел да влезе во нова ера на стабилност, а многумина веќе го нарекуваат потегот на Трамп „најголемиот дипломатски успех во современата историја“.

Escape