По неколку месеци молк, Сузана Турунџиева повторно ја отвори душата пред јавноста и сподели емотивна исповед што ги разнежни сите нејзини следбеници. Откако неодамна призна дека по десет месеци борба ја победила сериозната болест и добила шанса за нов живот, познатата водителка, пејачка и писателка реши да проговори за внатрешната болка која, како што вели, често ја носиме без да ја покажеме.
„Многу често сме опседнати со нашиот физички изглед, а не сфаќаме дека е невозможно да ја скриеме нашата емотивна руина, празнината и духовната сиромаштија,“ напиша Сузана, додавајќи дека и емоционалната болка може да биде подеднакво силна како физичката.
Турунџиева откри и дека социјалното отфрлање или разделбите со луѓе и ситуации оставаат „живи рани“ што болат како скршена коска, но и дека токму тие искуства нè водат до духовно заздравување.
„Не дозволувај да си полн(а) со празнотија, не дозволувај сам(а) да си отвораш живи рани. Наместо да го растеш гневот, одгледувај љубов… Научи да се нурнуваш во себе и да се доближиш до Бога – тој ќе ти ги залеми сите лузни,“ порача Сузана во својата инспиративна објава.
Со своите зборови, Турунџиева повторно покажа дека нејзината сила не е само во борбата со болеста, туку и во начинот на кој ја претвора болката во порака на љубов, вера и надеж.