Според најновите податоци на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за првиот квартал од 2025 година, бројот на активни претплатници во мобилната телефонија во Македонија благо опаѓа, додека интернет услугите и оптичките мрежи бележат раст.
Корисниците помалку зборуваат и испраќаат помалку СМС-пораки, додека бројот на претплатници со широкопојасен интернет се зголемува. Оптичките мрежи се најкористени, а фиксната телефонија продолжува да опаѓа.
Македонскиот пазар доминираат А1 и Македонски Телеком, додека кабелската телевизија бележи пад во бројот на претплатници.