ПРВ.мк
Магазин

Во Јапонија дремката на работа не е мрзеливост, туку доказ за посветеност – еве зошто компаниите ја поддржуваат

Во Јапонија дремката на работа не е мрзеливост, туку доказ за посветеност – еве зошто компаниите ја поддржуваат

Во многу земји, ако ве затекнат како дремете на работа – тоа може да заврши со опомена. Но, во Јапонија, ситуацијата е сосема поинаква. Таму, кратката дремка на работното место не се смета за мрзеливост, туку за симбол на трудољубивост и одговорност.

Јапонците имаат дури и специјален збор за тоа – „инемури“, што значи „спиеш, но си присутен“. Тоа е дел од нивната работна култура и може да се забележи насекаде – од канцеларии до возови.

Бидејќи над 56% од возрасните во Јапонија спијат помалку од седум часа ноќе, кратката дремка во текот на денот станала неопходен ритуал. Наместо да го гледаат тоа како слабост, јапонските компании го прифаќаат како начин за одмор и обновување на енергијата.

Во 2024 година, дури беа пуштени во продажба и специјални вертикални кабини наречени „Giraffenap“, кои овозможуваат брз и безбеден „power nap“ на работното место. Една ваква кабина чини околу 3 милиони јени, но компаниите ги купуваат бидејќи веруваат дека одморен работник е продуктивен работник.

Во земја каде што работата е светиња, дремката не е бунт – туку паметна стратегија за опстанок во културата на преработеност.

Escape