Службите на Ј.П. Комуналец Кавадарци континуирано вршат редовно одржување и чистење на решетките од атмосферската канализација на повеќе локации во Кавадарци.
Со отстранување на лисјата, отпадот и другите насобрани нечистотии се овозможува непречено истекување на дождовницата и се намалува ризикот од задржување на водата, поплавување на улиците и создавање проблеми при обилни врнежи.
Од Ј.П. Комуналец Кавадарци посочуваат дека превентивното делување е од особено значење за навремена подготовка на инфраструктурата и заштита на јавните површини и имотот на граѓаните, додавајќи дека продолжуваат со редовна грижа за чисто, уредно и безбедно Кавадарци.







