ПРВ.мк
Црна Хроника

ЗАТВОРСКИ ПОЛИЦАЕЦ ФАТЕН СО КОКАИН ВО МАКЕДОНИЈА: При претрес пронајдени дрога, куршуми и украден паричник!

ЗАТВОРСКИ ПОЛИЦАЕЦ ФАТЕН СО КОКАИН ВО МАКЕДОНИЈА: При претрес пронајдени дрога, куршуми и украден паричник!

Затворски полицаец од Струмица е осомничен за продажба на кокаин, откако бил затекнат во близина на затворот при обид да продаде дрога на друго лице, додека бил на работа. При претресите биле пронајдени дополнителни количества наркотични средства, муниција и предмет за кој полицијата утврдила дека потекнува од кражба.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, 50-годишниот Р.С. бил лишен од слобода на 21 ноември 2026 година. При проверката кај него биле пронајдени три пакувања со кокаин, а дополнителна дрога била откриена и при претрес на неговиот дом и службените простории што ги користел во затворот.

При претресите биле пронајдени кокаин, марихуана и дигитална вага. Во службениот ормар што го користел осомничениот биле откриени и куршуми за пиштол, во количество поголемо од она што му било задолжено за службена употреба.

Полицијата пронашла и паричник за кој било утврдено дека потекнува од кражба пријавена истиот ден.

СВР Струмица поднело кривична пријава против Р.С. за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, недозволено изработување и тргување со оружје и експлозивни материи, како и за кражба.

По приведувањето, осомничениот бил задржан во Полициската станица Струмица, а потоа бил изведен пред надлежен судија, кој му определил притвор во траење од 30 дена.