ПРВ.мк
Балкан

Ексклузивно: Директен судир на два воза – над 100 повредени, спасувачите на терен

Ексклузивно: Директен судир на два воза – над 100 повредени, спасувачите на терен

Над 100 лица се повредени во директен судир на два воза во Словачка, но според досегашните информации, нема загинати. Несреќата се случила денес околу 10:00 часот во близина на селото Јаблонов во Турња, на место каде што се вкрстуваат двете шини.

Портпаролот на Словачките железници, Јан Бачек, изјави дека причината за судирот сè уште се истражува, а приоритет во моментот е спасувањето и евакуацијата на патниците и вработените. На местото на несреќата се испратени пет амбулантни возила и еден спасувачки хеликоптер.

Полицијата соопшти дека судирот се случил пред тунелот и дека патниците постепено ги напуштаат возовите. На терен се обезбедува место на настанот, се координираат спасувачките служби и се насочува движењето на луѓето во областа.

Случајот сè уште е во фаза на истрага, а спасувачките служби продолжуваат да работат на обезбедување и помош на повредените.


Escape