ПРВ.мк
Магазин

Неговото име не било Ѓорѓи: Вистината за големиот Колозов!

Неговото име не било Ѓорѓи: Вистината за големиот Колозов!

Сите го знаеме како Ѓорѓи Колозов – актерот што со децении ја освојуваше публиката со своите улоги, харизма и насмевка. Но дали знаевте дека тоа не е неговото вистинско име?

Роден на 26 февруари 1948 година во Богданци, Колозов на свет доаѓа како Ѓорѓе Колозов – името што му го дала неговата мајка, и под кое е запишан во книгата на родените и на неговата спомен-плоча.

Во животот, често го викаа Ѓоко, некои само Колозов, но за народот тој засекогаш ќе остане – Царот.

Како и многу познати личности, и тој стана препознатлив под име кое не му е „по книшка“, но тоа не ја менува длабоката врска што ја имаше со публиката. Како што Тоше Проески бил Тодор, или Ванчо Петрушевски всушност Иван – така и Ѓорѓе стана Ѓорѓи, и засекогаш остана во срцата на луѓето.

Без разлика под кое име го паметиме, еден е Колозов – симбол на македонската телевизија и театар.

Вечна слава за Ѓорѓе Колозов.

Escape