ПРВ.мк
Македонија

Погребан Панчо од ДНК: Јавни личности и фанови му кажаа последно збогум

Погребан Панчо од ДНК: Јавни личности и фанови му кажаа последно збогум

Денеска се одржа погребот на македонскиот пејач Владимир Блажев – Панчо, кој загуби живот по седуммесечно лекување по пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Опелото се изврши во црквата Свети Илија во Аеродром, Скопје, а потоа Панчо беше погребан на Градските гробишта Бутел.

Голем број ужалени, меѓу кои и јавни личности, се собраа да му кажат последно збогум. Панчо замина на 46 години, оставајќи зад себе два сина, Андреја и Марјан.

Тој е деветтиот член на бендот ДНК кој загуби живот во трагичниот пожар, по Андреј Ѓорѓиески, Сара Пројковска, Ѓорѓи Ѓорѓиев, Филип Стевановски, Александар Коларов, Александар Ефремов, Игор Велков и Мартин Атанасовски Буцо.

Escape