Вчера во 11:41 часот, во СВР Скопје, С.С. (65) од Скопје пријави дека додека чистела во напуштена куќа на своите родители во Кисела Вода, пронашла две лименки завиткани со селотејп, на кои пишувало „топовски удар“ и имало фитили.
На местото на настанот излезе полиција, а предметите беа подигнати за понатамошна постапка. Се преземаат сите мерки за расчистување на случајот.