Новата грејна сезона во Скопје започна со минимално греење во повеќето домови, фирми и институции, но граѓаните се незадоволни од млаките радијатори и бараат топлина во текот на целиот ден, а не само наутро.
Сепак, околу 80 објекти во градот немаат ниту минимално греење, поради дефекти во зградите или проблеми во мрежата, што предизвикува дополнително незадоволство кај жителите.