ПРВ.мк
Скопје

УЖАС ВО СКОПЈЕ: Таксист ја нападнал патничката- еве ги деталите!

УЖАС ВО СКОПЈЕ: Таксист ја нападнал патничката- еве ги деталите!

Скопјанка преживеала вистински хорор момент додека се враќала дома со такси. Според информациите од полицијата, на 15 септември околу 00:30 часот, 37-годишна жена од општина Илинден пријавила дека такси возач се обидел сексуално да ја вознемири, откако не ја однел до нејзиниот дом како што било договорено.

Жената раскажала дека возачот запрoл на друго место, почнал непријатно да ја допира, а кога таа се спротивставила и побарала веднаш да ја врати, мажот престанал и ја однел до нејзиниот дом.

Пострадената веднаш го пријавила инцидентот во полиција, но и во такси-компанијата каде работел осомничениот возач. Компанијата реагирала итно и го отпуштила возачот од работа, потврдија од Министерството за внатрешни работи.

Полицијата работи на целосно расчистување на случајот, а против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Иако нападот бил спречен навреме, пријавителката преживеала голем страв и вознемиреност. Од полицијата апелираат сите граѓани кои ќе се соочат со слична ситуација веднаш да пријават, за да се спречат вакви случаи во иднина.

Escape