Американскиот Стејт департмент на своите официјални социјални мрежи објави фотографија од поранешниот претседател Доналд Трамп со пораката:
„Претседател Трамп – Претседател на мирот“.
Во описот под фотографијата се наведува дека Трамп посредувал во завршувањето на дури осум меѓународни конфликти за само осум месеци од неговиот мандат.
Во постот се наведува дека администрацијата на Трамп успешно придонела за смирување или завршување на конфликти меѓу:
- Камбоџа и Тајланд,
- Конго и Руанда,
- Пакистан и Индија,
- Израел и Иран,
- Ерменија и Азербејџан,
- Египет и Етиопија,
- како и Израел и Хамас.
Објавата на Стејт департментот предизвика бројни реакции во јавноста и на социјалните мрежи. Поддржувачите на Трамп ја поздравија како потврда на неговата надворешна политика насочена кон мир и дипломатски решенија, додека неговите критичари ја нарекоа „политичка пропаганда во изборна година“.