ПРВ.мк
Свет

СТРАВ И УЖАС ВО ИНДИЈА: Автобус се претвори во оган – патниците немале шанса да избегаат!

СТРАВ И УЖАС ВО ИНДИЈА: Автобус се претвори во оган – патниците немале шанса да избегаат!

Голема трагедија ја потресе Индија — најмалку дваесет лица го загубија животот, а повеќе од петнаесет се во критична состојба, откако патнички автобус целосно изгоре во пожар во државата Раџастан.

Автобусот превезувал над 50 патници и се движел на релацијата Џајсалмер – Џодпур. Според првичните информации, огнот избувнал во задниот дел од возилото, по што во рок од неколку минути пламенот го зафатил целиот автобус.

Локалните власти потврдија дека 19 патници изгореле на самото место, додека еден починал на пат кон болница. „Патниците немаа време да излезат. Огнот се прошири неверојатно брзо“, изјавил пратеникот Махант Пратап Пури за „Асошиејтед прес“.

Во несреќата повеќе од 15 лица се здобиле со тешки изгореници, а неколку од нив се борат за живот во болницата во Џодпур.

Според првичните податоци на индиската полиција, пожарот можеби бил предизвикан од електричен дефект или експлозија на гориво, но истрагата е во тек. На лице место пристигнале брзи служби, пожарникари и медицински екипи, кои работеле со часови за да го изгаснат пламенот и да ги извлечат телата од возилото.

Трагедијата ја потресе целата земја. Индискиот премиер Нарендра Моди изрази сочувство до семејствата на загинатите и најави финансиска помош за повредените.

Ова е една од најтешките сообраќајни несреќи во Индија годинава, земја каде вакви трагедии се чести поради стар возен парк и слаба безбедност на патиштата.

Escape