ПРВ.мк
Црна Хроника

Мистерија во Липково: Исчезна 37-годишна жена- полицијата на терен!

Мистерија во Липково: Исчезна 37-годишна жена- полицијата на терен!

Во селото Ваксинце, општина Липково, започна голема акција за пребарување по исчезната 37-годишна жена, потврдија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Пријавата за исчезнувањето пристигнала на итниот број 112, откако полициски службеник пријавил дека жената исчезнала во атарот на селото.

„По барање на полицијата, беше побарано ангажирање на дронови во потрагата,“ соопштија од ЦУК.

Министерството за внатрешни работи (МВР) веднаш било информирано, а на терен се испратени екипи кои со топлотни камери и дронови ја пребаруваат областа.

Според последните информации, жената сè уште не е пронајдена, а потрагата продолжува без прекин. Властите апелираат до граѓаните доколку имаат било какви информации, веднаш да ја известат најблиската полициска станица.

Escape