Руски напади оставија речиси цела Украина без струја, соопшти денес операторот на електричната мрежа Укренерго. Според нив, поради штетите на енергетскиот систем, електричната енергија е прекината во сите региони, освен во Доњецк на истокот. Граѓаните се повикуваат да ја користат електричната енергија штедливо, доколку сè уште ја имаат.
Во тек се поправки за враќање на струјата во сите погодени области. Приватниот оператор ДТЕК исто така пријави прекини во Лавов, Одеса, Киев и околината. Во последните недели, Русија ги интензивира своите напади врз енергетската и железничката инфраструктура на Украина, а минатата недела целата земја веќе се соочи со прекин на електрична енергија, во еден дел од Киев траеше неколку часа.