Светскиот шоумен и најследениот мултимедијален лик на Балканот, Боки 13, вечерва ја промовираше својата автобиографска филмска приказна „Рекет – Прв дел“, во хотел Хилтон во Скопје. Настанот беше спектакуларен, исполнет со емоции, гламур и незаборавни моменти, кои ја потврдуваат позицијата на Јовановски како шоумен број 1 по гледаност и бројки во државава.

Премиерата започна со едноминутно молчење во чест на трагично починатиот пејач Панчо од групата ДНК, што веднаш ја постави сериозната и емотивна тоналност на вечерта. На настанот присуствуваа неговата мајка Јасмина, како и блиски соработници и пријатели, кои беа дел од поддршката на Боки во сите животни премрежија.

Од самиот почеток, Јовановски ја освои публиката со својот непогрешлив стајлинг и светски гламур, кој буквално не е од овие простори. Со секој негов потег и изглед, присутните можешеа да почувствуваат дека се во присуство на шоу-икона од светски калибар, што уште повеќе ја потенцираше ексклузивноста на настанот.

Филмот „Рекет“ нуди интимен и автетичен поглед на периодот што Боки го поминал зад решетки. Во него детално е прикажана затворската ќелија, секој ден поминат во молитва пред светиот крст, внатрешните борби и емоции што ги доживувал за време на издржувањето на казната. Јовановски откри дека неговиот прв ден во затворот бил „најстудениот во животот“, иако надвор температурата достигнувала 40 степени Целзиусови, а силата да издржи ја црпел од верата и поддршката од најблиските.

Во текот на говорот, Боки искрено ги спомена луѓето кои му биле најголема поддршка во најтешките моменти – Марина Туцаковиќ, Лепа Лукиќ, Фута и Јелена Карлеуша, како и семејството. Тој сподели досега непознати детали за периодот зад решетки и ја откри својата лична борба со здравствените предизвици, вклучувајќи и физички напад во затворот „Идризово“ и повеќекратни болнички прегледи поради влошено здравје.

На премиерата беше прикажан официјалниот трејлер и пет сегменти од документарецот, кои ја доловуваат целата приказна – од судските процеси, затворот, па до деновите на лична исповед и интроспекција.

Публиката имаше можност да го види Боки 13 во својот најдобар светски образ, со стил и харизма што го издвојуваат од секаде овде, додека филмот пренесува уникатна приказна за животот на еден од најконтроверзните, но истовремено најследените јавни личности во Македонија.

За сите кои сакаат да го следат овој ексклузивен документарец и да се запознаат со гламурот, сцените и личните исповеди на Боки 13, целото видео од премиерата и деталите за филмот можат да се најдат на YouTube каналот на Боки13.





