ПРВ.мк
Скопје

Малолетник прво претепан, па прегазен пред трговски центар

Малолетник прво претепан, па прегазен пред трговски центар

Тензична сцена го потресе скопскиот Сарај, каде малолетник од селото Сарај бил нападнат од две лица, а потоа и удрен со автомобил пред трговски центар.

Инцидентот се случил на 10 октомври околу 16 часот, кога според пријавата во СВР Скопје, тинејџерот бил физички нападнат пред средно училиште од И.С. (18) од село Глумово и уште едно засега непознато лице. Едниот од нив користел и тврд предмет за време на нападот.

Но насилството не застанало таму – според пријавеното, напаѓачите подоцна го пресретнале пред локален трговски центар во Сарај и го удриле со патничко возило марка „Сеат Леон“.

Полицијата веднаш презела мерки за целосно расчистување на случајот и идентификација на сите вклучени во нападот. Истражните органи работат на утврдување на мотивите и околностите под кои дошло до овој шокантен инцидент.

Escape