ПРВ.мк
Скопје

ДРАМА НА БИТ ПАЗАР: Вооружен разбојник ја ограбил обложувалницата - еве колкава штета направил!

ДРАМА НА БИТ ПАЗАР: Вооружен разбојник ја ограбил обложувалницата - еве колкава штета направил!

Разбојништво со закана со пиштол се случило во спортска обложувалница на подрачјето на Бит-пазар во Скопје.

Случајот бил пријавен утрово во 00:36 часот во СВР Скопје.

Според пријавеното, машко лице вооружено со пиштол влегло во објектот и, заканувајќи ѝ се на вработената, одзело пари од дневниот промет.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на осомничениот и целосно расчистување на случајот.

Засега нема дополнителни информации за идентитетот на сторителот или за точната сума на одземените пари.