ПРВ.мк
Црна Хроника

Тешка сообраќајка во Битола: Дете настрада во судир со повозрасен возач

Тешка сообраќајка во Битола: Дете настрада во судир со повозрасен возач

На 15.10.2025 година, во 17:28 часот, во СВР Битола е пријавено дека на крстосницата од ул. „Филип Втори Македонски“ и ул. „Благојче Силјановски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Цитроен“ со демирхисарски регистарски ознаки, управувано од С.Н. (76) од Демир Хисар, и електричен тротинет управуван од 13-годишно дете од Битола.

Малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница Битола.

СВР Битола изврши увид на местото на несреќата, а случајот е во понатамошна обработка.

Escape