Во Тетово се случи сериозен напад, при што 42-годишен маж е пронајден со тешки повреди во дупка од зграда во изградба, откако бил крвнички претепан од 27-годишен напаѓач, кој според информациите е син на полициски командир и од порано познат како насилник.
Според сведоци, напаѓачот го удрил жртвата во главата со стаклено шише, пред да ја остави во ископаната дупка.
СВР Тетово соопшти дека: „На 15.10.2025 во 05:20 часот, на крстосницата од улица „Благоја Тоска“ со улица „Борис Кидрич“, полициски службеници го лишија од слобода Ф.Д. (27) од Тетово, по претходна пријава дека физички го нападнал А.К. (42) од Тетово. Жртвата е пронајдена со повреди во дупката од објект во изградба и поради сериозноста на повредите е пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Ф.Д. е задржан во полициска станица, а против него ќе следува соодветна пријава.“
Жртвата се наоѓа во критична состојба, а случајот предизвика големо внимание во јавноста поради бруталноста на нападот и поврзаноста на напаѓачот со полициските структури.