ПРВ.мк
Спорт

(ВИДЕО) СКАНДАЛ: Дончиќ погоди жена, нејзиниот сопруг веднаш скокна да се тепа – Лука се огласи и им ја затвори устата на сите!

(ВИДЕО) СКАНДАЛ: Дончиќ погоди жена, нејзиниот сопруг веднаш скокна да се тепа – Лука се огласи и им ја затвори устата на сите!

Поразот на Лос Анџелес Лејкерс од Сан Антонио Спарс со 99:96 не беше единствениот момент што ја одбележа вечерта за Лука Дончиќ. Словенечкиот кошаркар се најде во центарот на вниманието на американските медиуми по необичниот инцидент со навивач покрај теренот.

По завршувањето на натпреварот, Дончиќ пред новинарите ја објасни ситуацијата и откри дека сè започнало со неговата потегнувачка лента за зглобот, односно знојницата, која сакал да ја подари на една навивачка.

„Само ја фрлив мојата знојница, како што правам речиси на секој натпревар, а потоа слушнав дека таа не ја сака. Се вратив да ја земам, а тој само ме турна. На крајот ја дадов на некој друг“, изјави Дончиќ.

Според информациите за настанот, словенечкиот кошаркар при излегувањето од теренот ја фрлил знојницата кон навивачка која седела во првите редови. Кога се вратил за да ја земе назад, нејзиниот придружник реагирал и го турнал во рамото.

Ситуацијата за момент се заканувала да прерасне во физичка пресметка, но брзата реакција на соиграчот Џеред Вандербилт и обезбедувањето спречила поголем инцидент. Навивачот подоцна бил отстранет од салата.

Лејкерс испуштија предност од 20 поени

Инцидентот дополнително ја засенил разочарувачката вечер за тимот од Лос Анџелес. Лејкерс во еден момент имаа предност од дури 20 поени, но во продолжението дозволија целосен пресврт и на крајот загубија со 99:96 во „Фрост Банк“ центарот.

Дончиќ беше најефикасен во својот тим со 31 поен, а зад своето име запиша и осум асистенции и шест скока. Сепак, неговиот шут за три поени беше особено слаб – погоди само еднаш од вкупно 13 обиди.

Така, вечерта во Тексас за словенечката ѕвезда заврши со тежок пораз и непријатна ситуација со навивач, која за среќа не прерасна во посериозна пресметка.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО ТУКА

Најнови вести