ПРВ.мк
Свет

ТРАГЕДИЈА ВО ГАЗА: Две лица загинаа при израелски напад врз клиника на „Лекари без граници“ - ова е бројот на повредени лица!

ТРАГЕДИЈА ВО ГАЗА: Две лица загинаа при израелски напад врз клиника на „Лекари без граници“ - ова е бројот на повредени лица!

Двајца членови на персоналот на меѓународната хуманитарна организација „Лекари без граници“ (MSF) загинале во израелски напад врз клиника на организацијата во градот Газа.

Од MSF преку објава на социјалната мрежа Икс соопштиле дека станува збор за двајца нивни колеги кои работеле како обезбедување, пренесува „Ал Џезира“.

Организацијата посочила дека објектот бил јасно обележан со логото на MSF, а неговата точна локација претходно била доставена и позната на израелската војска.

Со овој напад, бројот на вработени во „Лекари без граници“ кои ги загубиле животите во Газа од почетокот на конфликтот се искачил на 17.

Израелската војска тврди дека загинатите биле членови на Хамас

По нападот, израелската војска соопштила дека двајцата загинати работници биле припадници на палестинското движење Хамас. Сепак, во соопштението не биле презентирани докази со кои би се поткрепиле овие тврдења.

Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, го осудил нападот, оценувајќи го како „нечуван и неприфатлив чин“.

Реакција имала и организацијата „Евро-медитерански монитор за човекови права“, која го обвинила Израел за систематско напаѓање на хуманитарниот персонал и објектите.

Ова не е единствен случај на загинување хуманитарни работници во последните денови. Претходно во текот на неделата, во израелски напад во северниот дел на Газа загинал и долгогодишниот работник на Агенцијата на ОН за палестински бегалци (UNRWA), Адел ел Хелу, додека снабдувал со вода жители на бегалскиот камп Џабалија.

Според податоците на Министерството за здравство во Газа, од стапувањето во сила на прекинот на огнот во октомври 2025 година, во израелските напади загинале најмалку 1.705 лица. Вкупниот број загинати од октомври 2023 година, според истото министерство, достигнал најмалку 74.772 лица.

Најнови вести