ПРВ.мк
Република

(ФОТО) СПОРТОТ ГИ РУШИ ПРЕДРАСУДИТЕ! Кавадарци повторно се обединува преку манифестацијата „Еднакво за сите“ - Јанчев со силна порака!

(ФОТО) СПОРТОТ ГИ РУШИ ПРЕДРАСУДИТЕ! Кавадарци повторно се обединува преку манифестацијата „Еднакво за сите“ - Јанчев со силна порака!

И оваа година во Кавадарци се одржува спортскиот турнир „Кавадарци еднакво за сите“, во организација на Здружението за слепи лица „Гол Бал – Визија“ од Кавадарци, во соработка со Општина Кавадарци.

Настанот се организира по повод 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, а со текот на годините прераснува во традиционална манифестација посветена на еднаквоста и инклузијата.

За одржувањето на турнирот информираше градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, преку објава на социјалните мрежи.

Како што истакна, манифестацијата преку спортот испраќа пораки за меѓусебно почитување, еднакви можности и надминување на предрасудите.

Целта е да се гради општество во кое различностите се прифаќаат како богатство, а можностите за учество и напредок се достапни за секој граѓанин.

„Кавадарци – град за сите!“, порача Јанчев.

Најнови вести