ПРВ.мк
Свет

ТРАГЕДИЈА ВО АВГАНИСТАН: Експлозија разнесе училиште, има стотина повредени - ова е бројот на жртви!

ТРАГЕДИЈА ВО АВГАНИСТАН: Експлозија разнесе училиште, има стотина повредени - ова е бројот на жртви!

Неколку ученици загинале или биле повредени во експлозија што се случила во училиште во источната авганистанска провинција Кунар, соопштила локалната полиција.

Портпаролот на покраинската полициска управа, Фарид Дехкан, изјавил дека експлозијата се случила околу 10 часот по локално време во училиште во областа Андар Сер.

Според неговите информации, во детонацијата имало ученици кои го загубиле животот или се здобиле со повреди, но засега не е познат точниот број на загинати и повредени, пренесува агенцијата АП.

Причината за експлозијата сè уште не е утврдена. Истражни екипи од провинцијата Кунар, која се наоѓа во близина на границата со Пакистан, пристигнале на местото на настанот и работат на расветлување на околностите.

Ова не е прв ваков инцидент во Авганистан. Во август, при напад со рачна бомба врз училишен комплекс во главниот град Кабул, биле повредени повеќе од 40 ученици на возраст од девет до 14 години.

Најнови вести