ПРВ.мк
Свет

НОВ ЗЕМЈОТРЕС ВО ЈУЖНА АМЕРИКА! Силен потрес ја погоди границата на две држави, набргу следеше и втор - граѓаните добија итно предупредување!

НОВ ЗЕМЈОТРЕС ВО ЈУЖНА АМЕРИКА! Силен потрес ја погоди границата на две држави, набргу следеше и втор - граѓаните добија итно предупредување!

Земјотрес со магнитуда од 5,2 степени според Рихтеровата скала го погоди пограничниот регион меѓу Чиле и Аргентина, соопшти Германскиот истражувачки центар за геонауки (GFZ).

Епицентарот бил лоциран на 61 километар југоисточно од Сокар, населено место во регионот Антофагаста, во близина на пустината Атакама.

Според податоците на GFZ, хипоцентарот, односно местото во внатрешноста на Земјата каде што започнал земјотресот, се наоѓал на длабочина од 168 километри.

Само четири минути подоцна бил регистриран и втор потрес, со помала магнитуда од 3,4 степени. Неговиот епицентар бил на 43 километри југоисточно од Сокар, а хипоцентарот на длабочина од 217 километри.

Засега нема информации за причинета материјална штета или човечки жртви.

Најнови вести