ПРВ.мк
Балкан

СНЕГОТ ПРИСТИГНА И ВО БЕЛГРАД! Србија побеле, а на патиштата настана вистински хаос - еве во кои делови се очекува до 90 сантиметри!

СНЕГОТ ПРИСТИГНА И ВО БЕЛГРАД! Србија побеле, а на патиштата настана вистински хаос - еве во кои делови се очекува до 90 сантиметри!

Снегот утринава падна на повеќе локации низ Србија, а снежна покривка веќе има на планинските предели, но и во некои градови и населени места. Според објавените снимки на социјалните мрежи, снежни врнежи имало на Златибор, Тара, во Чачак, Лајковац, Уб, Лазаревац, но и во делови од околината на Белград, меѓу кои Спота, Рушањ и Рипањ.

Најмногу снег досега наврнал на Златибор, каде во текот на ноќта се формирала снежна покривка од речиси 10 сантиметри.

Врнежите предизвикале и отежнато одвивање на сообраќајот. На делницата Лајковац–Уб, според снимките што се појавија на социјалните мрежи, снегот се задржал на коловозот, поради што возилата се движат забавено.

Проблеми на автопатот „Милош Велики“

Снежните врнежи создале проблеми и на автопатот „Милош Велики“. Сообраќајот се одвива отежнато, а читатели на агенцијата РИНА пријавиле дека коловозот не бил исчистен.

Од „Патишта на Србија“ упатија апел до возачите да бидат особено внимателни и да ја приспособат брзината на условите на патиштата.

Според извештајот на Штабот на зимската служба, на одредени патни правци од прв, втор и трет приоритет на одржување има снег во кашеста состојба, со висина до пет сантиметри.

Вакви услови се регистрирани на териториите на Сјеница, Нови Пазар, Ваљево, Ужице, Чачак и Крушевац.

Надлежните препорачуваат внимателно возење, особено на делниците каде што има задржување на снег и можност за лизгање на коловозот.

Најнови вести