ПРВ.мк
Балкан

(ВИДЕО) ШОКАНТНО ОТКРИТИЕ ЗА СОСТАВУВАЊЕТО НА СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА! Девојка од студентското движење откри детали што предизвикаа реакции

(ВИДЕО) ШОКАНТНО ОТКРИТИЕ ЗА СОСТАВУВАЊЕТО НА СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА! Девојка од студентското движење откри детали што предизвикаа реакции

На социјалните мрежи се појави видео во кое една соговорничка детално го опишува начинот на кој биле предлагањи, проверувани и избирани кандидатите за студентската листа на факултетските пленуми во Србија. Нејзиното сведоштво предизвика бројни реакции во јавноста.

Таа објаснува дека формирањето на студентската листа било долг процес, кој започнал со предлагање имиња на пленум. Секој присутен можел да предложи кандидат, по што следувало првично гласање за тоа дали предложеното име воопшто ќе биде разгледувано.

Како пример, таа раскажала дека некои предлози биле веднаш отфрлани, додека други добивале можност да продолжат во следната фаза.

„Студентската листа е нешто што се градеше долго време, со години. Кај нас на факултетот процесот беше организиран така што на првиот пленум се предлагаа кандидати. Секој можеше да дојде и да предложи некого. Потоа се гласаше дали името ќе биде прифатено или одбиено уште на почетокот“, објаснила таа.

Ги проверувале социјалните мрежи, познаниците и работните места

По првичниот избор, според нејзиното сведоштво, студентите се делеле во помали тимови кои добивале задача да истражат сè што можат за секој предложен кандидат.

На секое име работеле групи од по тројца до петмина студенти, кои собирале информации за минатото, јавните објави, професионалното искуство и евентуалните пријави поврзани со кандидатите.

„Јас би дознала сè што можам за вас. Би ги прегледувала сите ваши објави на социјалните мрежи, би гледала кого следи вашиот сопруг, дали познавам некого што го познава него за да прашам нешто за вас што можеби не е јавно достапно. Би барала каде сте работеле, би барала извештај од таа фирма, сè за вас, дали имате некакви пријави. Буквално сè што е јавно достапно би се обиделе да го дознаеме“, раскажала соговорничката.

Информациите се презентирале пред пленумот, а потоа се гласало

Според нејзиното објаснување, резултатите од истражувањето се презентирале пред пленумот уште следниот ден. Потоа членовите дискутирале за собраните информации и гласале дали кандидатот треба да остане во изборот.

Како пример навела ситуација во која за еден од предложените кандидати била пронајдена информација за сообраќајна несреќа во која наводно удрил пешак неколку години претходно.

Таа посочила дека имало и кандидати за кои не биле пронајдени спорни информации, но и такви кај кои биле откриени наводи за сексуално вознемирување на колешки.

Соговорничката нагласила дека истражувањата биле детални и дека ваквиот начин на проверка, според неа, произлегувал од искуствата во претходните две години.

Некои предложени кандидати ја одбиле понудата

По проверките и гласањето, следувала фазата во која студентите требало да разговараат со луѓето чии имиња биле предложени.

Таа открила дека дел од кандидатите, меѓу кои имало и луѓе што лично ги ценела, одлучиле да не учествуваат во процесот. Како причини ги навела грижата за малите деца, семејните обврски и здравствените проблеми во нивното најблиско опкружување.

За оние што ја прифаќале можноста следувало лично претставување пред пленумот. Кандидатите накратко зборувале за себе, а присутните им поставувале прашања за да ги слушнат нивните одговори.

По завршувањето на разговорот, кандидатите си заминувале, а пленумот повторно гласал дали лицето ќе остане на листата како потенцијален кандидат.

Нејзиното сведоштво отвори нови реакции во јавноста, особено поради опишаниот начин на собирање информации за кандидатите и одлучувањето за нивниот понатамошен ангажман.

Во прилог на објавата се појавија и политички коментари и критики за улогата на студентските пленуми во процесот на формирање изборна листа. Дел од критичарите ја оспоруваат нивната легитимност за вакво одлучување, додека самото видео го опишува внатрешниот процес на предлагање и проверка на кандидатите.

ПОГЛЕДЕНЕТЕ ГО ВИДЕОТО ТУКА

Најнови вести