ПРВ.мк
Црна Хроника

СТРАШЕН ПОЖАР ВО ОХРИД! Маж го запалил сопствениот стан, осум лица се повредени - ова е нивната состојба!

СТРАШЕН ПОЖАР ВО ОХРИД! Маж го запалил сопствениот стан, осум лица се повредени - ова е нивната состојба!

Педесет и петгодишен маж е уапсен во Охрид под сомнение дека предизвикал пожар во сопствениот стан, при што осуммина соседи се здобиле со повреди и имале проблеми со дишењето, соопшти полицијата.

Благодарение на брзата интервенција на полициските службеници и припадниците на Територијалната противпожарна единица од Охрид, повеќе станари биле евакуирани од станбената зграда.

Осум лица, кои се здобиле со повреди и имале отежнато дишење, со возила на Итната медицинска помош биле пренесени во Општата болница во Охрид.

Од полицијата информираат дека Полициската управа Охрид, во координација со останатите надлежни служби, презема дополнителни мерки за да им помогне на станарите и да се стабилизира ситуацијата.

По целосното документирање на случајот, против лицето со иницијали Ц.Н. ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „предизвикување општа опасност“.

Најнови вести