Земјотрес со локална магнитуда од 4 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Грција, а сеизмичките вибрации биле почувствувани и во делови од Македонија.
Според податоците на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, потресот бил регистриран во 8:47 часот. Епицентарот се наоѓал на околу 140 километри југозападно од Скопје.
Досегашните информации покажуваат дека земјотресот бил почувствуван во Битола, Охрид и околните населени места, со интензитет од III степен според Европската макросеизмичка скала.
Од Сеизмолошката опсерваторија ги повикуваат граѓаните кои го почувствувале потресот да го пополнат прашалникот за почувствуваност. На тој начин ќе помогнат во собирањето податоци и спроведувањето на понатамошните сеизмолошки истражувања.









