ПРВ.мк
Црна Хроника

НОВ РАЗВОЈ ВО СЛУЧАЈОТ СО ПРЕТЕПАНАТА ЖЕНА! Сопругот е спроведен во психијатриската болница во Бардовци - еве што открија докторите!

НОВ РАЗВОЈ ВО СЛУЧАЈОТ СО ПРЕТЕПАНАТА ЖЕНА! Сопругот е спроведен во психијатриската болница во Бардовци - еве што открија докторите!

Четириесет и двегодишна жена од гостиварско село се наоѓа во животозагрозувачка состојба и се лекува на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), откако била физички нападната од сопругот во семејниот дом.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, 52-годишниот М.М. бил лишен од слобода на 20 ноември, во 14:10 часот, од полициски службеници од Полициското одделение Галате.

Случајот го пријавил неговиот татко, кој информирал дека околу 12:30 часот неговиот син физички ја нападнал 42-годишната сопруга, при што употребил остар предмет и ѝ нанел повреди.

Жената најпрво била пренесена во болницата во Гостивар, каде ѝ била укажана медицинска помош. Поради сериозноста на повредите, во бессознание била транспортирана во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде била задржана на лекување.

Тешки повреди на градниот кош и главата

Директорот на ТОАРИЛУЦ, доктор Игор Мерџановски, за „Слободен печат“ потврдил дека пациентката била примена на Ургентниот хируршки центар во 18:08 часот со повреди на градниот кош и главата.

По направените дијагностички испитувања биле констатирани тешки телесни повреди: скршеници на седмото до десеттото ребро, парцијален пневмоторакс, мала ефузија и субдурален хематом. Потоа била примена на КАРИЛ.

Станува збор за сериозни повреди кои бараат интензивно болничко лекување и внимателно следење на состојбата.

Осомничениот е пренесен во психијатриска болница

Од МВР информираат дека при лишувањето од слобода, 52-годишниот маж давал отпор и физички нападнал полициски службеници, при што повредил еден од нив.

За случајот бил известен јавен обвинител, а мажот бил спроведен во Психијатриската болница во Скопје, во Бардовци.

Од полицијата  потврдиле дека станува збор за лице со нарушено ментално здравје.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Најнови вести