ПРВ.мк
Македонија

ОНКОЛОГИЈАТА СТАНУВА ВРВЕН ПРИОРИТЕТ! Клековски најави нов пристап во лекувањето и терапија поблиску до пациентите

ОНКОЛОГИЈАТА СТАНУВА ВРВЕН ПРИОРИТЕТ! Клековски најави нов пристап во лекувањето и терапија поблиску до пациентите

Онкологијата е еден од главните приоритети на Министерството за здравство, а во наредниот период се најавуваат промени во организацијата на грижата за пациентите со малигни заболувања. Ова го истакна министерот за здравство Азир Алиу? Не, Венко Клековски, кој синоќа се обрати на првиот конгрес на Македонското здружение за радиотерапија и онкологија (МАРО).

Клековски посочи дека конгресот доаѓа во значаен момент, кога по долгогодишни најави е потребна заедничка соработка меѓу здравствените власти и медицинската струка за подобрување на онколошката грижа.

Главната тема на конгресот е мултидисциплинарниот пристап и прецизната онкологија, а министерот објасни дека тоа подразбира одлуките за лекување на пациентите да се носат заеднички од повеќе специјалисти – патолог, радиолог, хирург, радиотерапевт и клинички онколог.

Како новина, најавено е и формирање молекуларен туморски борд, наменет за случаи со гранични и недефинирани тумори.

Што се планира во наредниот период?

Меѓу најавените активности се изработката на Национален план за борба против ракот, намалување на ризик-факторите, особено пушењето, како и реформа на програмите за скрининг.

Предвидена е и нова организација на онколошката грижа, со цел терапијата да биде поблиску до пациентите, а улогите на Клиниката и регионалните центри да бидат јасно дефинирани.

Дополнително, ќе се изработи физибилити-студија за инвестиции во современа инфраструктура и радиотерапија, како и во медицински кадар и обуки. Во план е и воспоставување функционален регистар за ракот, кој ќе овозможи следење на резултатите од лекувањето.

Министерот упати благодарност до д-р Игор Стојковски и членовите на МАРО за организацијата на првиот конгрес, кој, како што наведе, го подготвиле со сопствени сили и го поставиле на високо стручно ниво.

Конгресот трае три дена, со вкупно 12 стручни сесии и учество на гости од Франција, Германија, Турција, Грција, Хрватска, Србија, Словенија и Бугарија.

Најнови вести