Центарот за мајка и бебе при Клиничката болница „Жан Митрев“, во соработка со школата за трудници и доење „Бебелогија“, во декември започнува нова програма за пренатална едукација и психофизичка подготовка на идните родители.
Првата група ќе има можност преку три едукативни средби да се запознае со процесот на породување, техниките за дишење и релаксација, како и со основите на доењето и грижата за новороденчето.
Средбите се закажани за 5, 12 и 19 декември, во периодот од 11 до 13 часот.
Три модули за подготовка на родителите
Првиот модул е посветен на подготовката за породување. Учесниците ќе учат како да ги препознаат знаците за почеток на породувањето, како се одвива приемот во родилиште, кои се фазите на породувањето и како да се подготват за пристигнувањето на бебето.

Вториот модул опфаќа техники на дишење и релаксација, вежби за грбот и карлицата, информации за можностите за анестезија, како и насоки за закрепнување по породувањето.
Третиот модул е посветен на доењето и негата на бебето. Ќе бидат опфатени почетокот на доењето, развојот на лактацијата, исхраната во периодот на доење и практичната грижа за новороденчето.
Од Клиничката болница „Жан Митрев“ информираат дека учеството е бесплатно за сите идни родители кои имаат уплатено аванс за породување во клиниката.
Заинтересираните можат да се пријават преку електронската форма на следниот линк:









