ПРВ.мк
Спорт

ГОЛЕМА ТАГА ВО ФУДБАЛСКИОТ СВЕТ: Поранешен репрезентативен капитен почина на само 27 години

ГОЛЕМА ТАГА ВО ФУДБАЛСКИОТ СВЕТ: Поранешен репрезентативен капитен почина на само 27 години

Поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на Либерија и некогашен играч на хрватскиот Славен Белупо, Ален Нџие, според извештаите на повеќе странски медиуми, починал на само 27-годишна возраст во Соединетите Американски Држави.

Според информациите објавени во африканските и швајцарските медиуми, на младиот фудбалер му се слошило за време на дружење, по што излегол на свеж воздух.

Подоцна бил пронајден од негов пријател и бил пренесен во болница, каде што, и покрај напорите на лекарите, наводно не успеале да му го спасат животот.

Нџие во текот на својата фудбалска кариера настапувал за репрезентацијата на Либерија, каде што ја носел и капитенската лента, а дел од кариерата поминал и во хрватскиот фудбал.

Дел од медиумите потсетуваат дека фудбалерот претходно имал здравствени проблеми со срцето, поради кои во 2024 година ја завршил професионалната кариера.

Сепак, засега нема официјална потврда дека претходните здравствени проблеми се поврзани со неговата ненадејна смрт.

Точната причина и околностите под кои починал младиот фудбалер остануваат неразјаснети.