ПРВ.мк
Балкан

ФРЛЕН МОЛОТОВ КОКТЕЛ ВРЗ РЕСТОРАН: Брзата реакција на пожарникарите спречила ширење на пожарот

ФРЛЕН МОЛОТОВ КОКТЕЛ ВРЗ РЕСТОРАН: Брзата реакција на пожарникарите спречила ширење на пожарот

Познат ресторан во Белград вечерва бил цел на напад, откако непознато лице фрлило молотов коктел врз угостителскиот објект, пренесуваат српските медиуми.

Инцидентот се случил околу 18 часот, по што на местото интервенирале пожарникарски екипи, кои успеале брзо да го изгаснат пожарот.

За среќа, во инцидентот нема повредени лица, а засега не е позната висината на причинетата материјална штета.

Според информациите на српски „Курир“, безбедносните камери го снимиле напаѓачот, а во тек е полициска потрага по него.

Мотивите за нападот засега се непознати, а повеќе детали се очекуваат по завршувањето на полициската истрага.