ПРВ.мк
Наука/Технологија

ИЛОН МАСК ДОБИЛ ДОЗВОЛА ЗА ПРОЕКТ КОЈ БИ МОЖЕЛ ДА ПРЕДИЗВИКА КАТАСТРОФА: Научниците предупредуваат на сериозни последици

ИЛОН МАСК ДОБИЛ ДОЗВОЛА ЗА ПРОЕКТ КОЈ БИ МОЖЕЛ ДА ПРЕДИЗВИКА КАТАСТРОФА: Научниците предупредуваат на сериозни последици

Американската Федерална комисија за комуникации наводно ѝ одобрила на компанијата „Спејс екс“ на Илон Маск да лансира до еден милион сателити во рамките на амбициозниот проект „Стармајнд“, пренесува британски „Дејли мејл“.

Целта на проектот е изградба на огромни центри за обработка на податоци во Земјината орбита, кои би се користеле за развој на вештачката интелигенција, искористувајќи ја сончевата енергија и намалувајќи го оптоварувањето на енергетските мрежи на Земјата.

Според објавените информации, првиот пробен сателит би можел да биде лансиран веќе во 2027 година.

Научниците предупредуваат на сериозни ризици

Амбициозниот проект предизвика загриженост кај астрономите и експертите за заштита на животната средина, кои предупредуваат дека толкав број сателити би можел значително да го наруши изгледот на ноќното небо и да ги отежне астрономските набљудувања.

Дополнителна загриженост предизвикува ограничениот животен век на сателитите, поради што би било неопходно нивно постојано заменување.

Експертите предупредуваат и на потенцијалните последици врз озонската обвивка од согорувањето на старите сателити при нивното навлегување во атмосферата.

Пренатрупаноста на Земјината орбита, исто така, би можела да го зголеми ризикот од судири и создавање вселенски отпад, со можни последици врз глобалните комуникациски и навигациски системи.

Станува збор за предупредувања за потенцијални