Тешка сообраќајна несреќа на скопската обиколница, на потегот од Бутел кон Мирковци, предизвика голем сообраќаен метеж во правец кон Тетово.
Според првичните информации, формирана е колона возила долга околу два километри, а блокирани се клучките кај Стајковци, Радишани и Мирковци.
На возачите им се препорачува да го избегнуваат овој дел од скопската обиколница и да користат алтернативни патни правци.
Оние што се упатуваат кон Ѓорче Петров, Волково и Тетово можат да се вклучат преку клучката кај Бутел, доколку сообраќајот таму е прооден.
Засега нема официјални информации за причините за сообраќајната несреќа, бројот на возила што учествувале во неа, ниту дали има повредени лица.
Повеќе детали се очекуваат од надлежните институции.









