На автобуска постојка на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, 47-годишна жена била жртва на разбојништво, при што насилно ѝ била одземена чантата со пари и лични документи.
Случајот бил пријавен на 26 ноември во 10:15 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје.
Според пријавата, едно лице со употреба на физичка сила ѝ ја одзело чантата на скопјанката.
Засега не е познато колкава сума пари имало во чантата, ниту дали жената се здобила со повреди при инцидентот.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.









