Македонија викендов ја очекува облачно и врнежливо време, со продор на студен воздух од север, кој ќе донесе снег и на дел од пониските места.
Во сабота се очекуваат повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни и ќе надминат 30 литри на квадратен метар за 24 часа. На планините врнежите ќе бидат од снег, а во попладневните часови дождот ќе преминува во снег и на дел од повисоките места.
Ќе дува умерен, повремено засилен до силен северен ветер, особено во североисточните делови и долж Повардарието.
Минималните температури ќе се движат од 2 до 10 степени, додека максималните ќе достигнат од 5 до 12 степени.
Снежна покривка до 20 сантиметри
На планините се очекува формирање нова снежна покривка до 20 сантиметри, додека на повисоките населени места се прогнозира снежна покривка од 2 до 10 сантиметри.
Услови за снег и во Скопје
Во главниот град времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои кон крајот на денот и во текот на ноќта би можеле да преминат во снег. Температурата ќе се движи од 7 до 8 степени.
Врнежливото време ќе продолжи и во недела, а кон крајот на денот се очекува постепено престанување на врнежите.
Од понеделник Македонија ја очекува стабилно, но студено време.








