ПРВ.мк
Македонија

ДРЗОК ГРАБЕЖ СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ВО МАКЕДОНИЈА: Четири маскирани лица ограбиле златарница

ДРЗОК ГРАБЕЖ СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ВО МАКЕДОНИЈА: Четири маскирани лица ограбиле златарница

Дрзок грабеж се случил денеска среде бел ден во златарница во Македонија, од каде што четири маскирани лица однеле поголема количина златен накит.

Грабежот бил регистриран од безбедносните камери, а на снимката се гледа како маскираните лица за само неколку минути собираат накит од изложбените витрини и заминуваат со торба полна со скапоцености.

Според времето регистрирано на видеоснимката, грабежот се случил во 13:25 часот.

Од полицијата потврдиле дека случајот е пријавен и дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на настанот.

Засега нема информации за вкупната вредност на украдениот накит, ниту за евентуално приведени лица.

Полицијата трага по четворицата маскирани сторители.