ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) СТРАШНИ СООБРАЌАЈНИ СНИМКИ: Десетици автомобили згмечени во огромен верижен судир

(ВИДЕО) СТРАШНИ СООБРАЌАЈНИ СНИМКИ: Десетици автомобили згмечени во огромен верижен судир

Најмалку десет лица се повредени во голем верижен судир што се случил утрово на автопатот А1 во Швајцарија, на делницата меѓу Цирих и Винтертур.

Во тешката сообраќајна несреќа учествувале дури 37 возила, од кои 23 автомобили, шест комбиња и осум камиони.

Според информациите на кантоналната полиција на Цирих, десет лица биле пренесени во болница. Шестмина се здобиле со полесни, додека четворица со потешки телесни повреди.

Драматичните снимки направени со дрон ги покажуваат размерите на несреќата, на кои се гледаат бројни оштетени и згмечени автомобили меѓу камиони и други возила.

Како можна причина за масовниот верижен судир се посочува замрзнатиот коловоз, но точните околности допрва треба да бидат утврдени.

Поради несреќата, автопатот бил целосно затворен за сообраќај, а надлежните екипи започнале со отстранување на оштетените возила.

Поради големиот број возила и сложеноста на интервенцијата, се очекува расчистувањето на автопатот да трае неколку часа.

Полицијата апелираше до возачите да ја избегнуваат оваа делница и да користат алтернативни правци.