ПРВ.мк
Свет

ТРАМП ОТКРИ ШТО МУ КАЖАЛ НА ПУТИН ЗАД ЗАТВОРЕНИ ВРАТИ: „Ова е вистинско крвопролевање“

ТРАМП ОТКРИ ШТО МУ КАЖАЛ НА ПУТИН ЗАД ЗАТВОРЕНИ ВРАТИ: „Ова е вистинско крвопролевање“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека за време на неодамнешната средба со рускиот претседател Владимир Путин во Кина побарал прекин на воената агресија во Европа, со надеж дека наскоро ќе биде постигнат договор за завршување на војната во Украина.

Во објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп изрази уверување дека постои можност за постигнување мировен договор.

„Навистина верувам дека тоа е многу веројатно. Секој месец гинат илјадници луѓе. Ова е вистинско крвопролевање“, напиша американскиот претседател.

Трамп повтори дека верува оти Путин сака да постигне договор, но оцени дека нарушените односи меѓу рускиот и украинскиот претседател претставуваат сериозна пречка во преговорите.

„Најголемиот проблем за постигнување на тој договор е фактот што на чело се две личности кои навистина се мразат“, изјави Трамп пред новинарите на Флорида.

Американскиот претседател се осврна и на претстојниот самит на Г20, закажан за 14 и 15 декември на Флорида, посочувајќи дека би сакал Путин да присуствува. Од Кремљ соопштија дека сè уште не е донесена одлука за неговото учество.

Во меѓувреме, зетот и дипломатски пратеник на Трамп, Џаред Кушнер, го нарече Путин „велемајстор на политиката“ и „историска личност“, изразувајќи уверување дека рускиот претседател сака мир и подобрување на односите со САД.

Додека американската администрација смета дека директниот дијалог може да придонесе за намалување на глобалните тензии, критичарите поставуваат прашања дали Вашингтон врши доволен притисок врз Москва за завршување на војната.