ПРВ.мк
Магазин

(ФОТО) НАТАША БЕКВАЛАЦ БЛЕСНА ВО БОРДО ФУСТАН: Модната комбинација што привлекува внимание

(ФОТО) НАТАША БЕКВАЛАЦ БЛЕСНА ВО БОРДО ФУСТАН: Модната комбинација што привлекува внимание

Српската пејачка Наташа Беквалац сподели фотографии на својот Инстаграм-профил, на кои позира во елегантно, но истовремено и смело модно издание.

Пејачката избрала долг фустан во бордо боја, изработен од мек материјал со богати набори кои ја нагласуваат нејзината силуета.

Високата јака му дава софистициран изглед на фустанот, додека длабоките странични изрези внесуваат доза на провокативност во целата комбинација.

Посебно внимание привлекува откриениот струк, како и тетоважата на колкот, која е видлива благодарение на необичниот крој.

Со оваа модна комбинација, Беквалац повторно ги спои елеганцијата и смелиот стил во едно впечатливо издание.