ПРВ.мк
Црна Хроника

РАСЧИСТЕНО УБИСТВО КАЈ СМИЛКОВСКО ЕЗЕРО: Уапсен 38-годишен скопјанец, доби кривична пријава!

РАСЧИСТЕНО УБИСТВО КАЈ СМИЛКОВСКО ЕЗЕРО: Уапсен 38-годишен скопјанец, доби кривична пријава!

Полицијата го расчисти случајот со убиството на 38-годишниот маж чие тело на 21 ноември беше пронајдено на обиколницата „Мајка Тереза“, во близина на селото Смилковци. За кривичното дело е осомничен 38-годишен скопјанец, кој е уапсен по преземени оперативно-тактички мерки.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека Б.Ј. бил лишен од слобода на 26 ноември, во рамки на истрагата што беше отворена откако на 21 ноември било пријавено дека на обиколницата е пронајдено тело на лице без знаци на живот.

При полицискиот увид било утврдено дека починатиот е Ш.Е. (38) од скопското село Љубин. На неговото тело била забележана прострелна повреда во пределот на ногата, а во непосредна близина било пронајдено и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое претходно го управувал починатиот.

Со осомничениот бил извршен службен разговор, при што, според информациите од МВР, тој го појаснил начинот на извршување на кривичното дело.

По целосното документирање на случајот и во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, денеска, 27 ноември, Единицата за насилен криминал при СВР Скопје поднела кривична пријава по брза постапка против Б.Ј.

Тој се сомничи за кривично дело „убиство“ согласно член 123 од Кривичниот законик.