ПРВ.мк
Балкан

ГОЛЕМ АРСЕНАЛ И НАД 107 КИЛОГРАМИ ДРОГА ПРОНАЈДЕНИ ВО МОТЕЛ: Уапсен 17-годишник!

ГОЛЕМ АРСЕНАЛ И НАД 107 КИЛОГРАМИ ДРОГА ПРОНАЈДЕНИ ВО МОТЕЛ: Уапсен 17-годишник!

Српската полиција уапси 17-годишно момче во Белград, откако при претрес на мотелските простории што ги користело биле пронајдени снајперска пушка со придушувач, пет рачни бомби и повеќе од 107 килограми материја за која постои сомневање дека е наркотична дрога.

Според информациите од полицијата, во апартманот и помошните простории на мотелот биле откриени околу 100 килограми супстанца налик на марихуана, 3,5 килограми материја за која се сомнева дека е кокаин и уште четири килограми супстанца слична на хероин.

При претресот биле пронајдени и две дигитални ваги, пет куршуми за пушката, како и пет рачни бомби и снајперското оружје со придушувач.

Малолетникот се товари за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, како и за недозволено производство, држење, носење и трговија со оружје и експлозивни материи.

По апсењето, 17-годишникот бил изведен пред судија за малолетници во Вишиот суд во Пожаревац.

Засега надлежните не соопштуваат детали за потеклото на пронајденото оружје, ниту за тоа каде требало да заврши запленетата дрога. Истрагата треба да ги утврди сите околности поврзани со случајот.