Поради сообраќајна несреќа, во целосен прекин е сообраќајот на автопатската делница Скопје – Велес.
На возачите кои се движат на оваа релација им се препорачува да користат алтернативни патни правци сè до целосно расчистување на коловозот и нормализирање на сообраќајот.
Од надлежните служби засега нема подетални информации за околностите под кои се случила несреќата, ниту дали има повредени лица.




