ПРВ.мк
Македонија

КАВАДАРЕЧКИТЕ СРЕДНОШКОЛЦИ ВО БОРБА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Општина Кавадарци организира едукативни работилници со полицијата и стручни лица!

КАВАДАРЕЧКИТЕ СРЕДНОШКОЛЦИ ВО БОРБА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Општина Кавадарци организира едукативни работилници со полицијата и стручни лица!

Во рамки на глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“, Општина Кавадарци, преку Комисијата за еднакви можности и службеникот за млади, организираше едукативна работилница посветена на превенцијата и препознавањето на овој вид насилство.

Работилницата се одржа во големата сала на Локалната самоуправа, со учество на ученици од кавадаречката Гимназија. Преку анализа на фиктивни случаи и под менторство на претставници од ОВР Кавадарци, психолог и социјален работник од здружението ЗРЕ „Визија“, средношколците имаа можност отворено да дискутираат, да разменат мислења и да стекнат практични знаења за тоа како да препознаат и соодветно да реагираат во ситуации на насилство.

Активностите се реализираат во неколку сесии, при што во текот на следната недела со вакви едукации ќе бидат опфатени и учениците од останатите две средни училишта во Кавадарци.

Од Општина Кавадарци порачуваат дека преку ваквите иницијативи продолжуваат континуирано да вложуваат во подигнување на свеста кај младите, поттикнување на општествената одговорност и градење безбедна средина во која насилството нема никакво оправдување.

Најнови вести